Експерти: Единствен начин да се ублажи ценовниот шок е власта итно да интервенира и да му помогне на стопанството

Екстремен начин да се спречи бранот поскапувања е државата итно да му помогне на стопанството по примерот на другите земји, предупредуваат експертите. Реакциите следуваат откако стопанството најави раст на цените на лебот, башното, маслото, млекото, месото и на сите производи.

Според професорот Лазар Јовески, недовлна работна сила која масовно се иселува е главната причина за растот на цените на сите производи. Вели, иако периодов апелирале дека ќе дојде до ова, ниту една институција немала слух за нивните барања.

  • Константното иселување на квалификуваната работна сила од Македонија, честите промени, предизвикува одредени промени во сите сектори, во прехрамбената индустрија, посебно во земјоделството. Ние немаме квалификувани работници кои треба сериозно да работат во овие сектори, немаме луѓе кои посветено ќе работат, како што треба, и мора под итно да се придвижат работите да се придвижат работите со стимулации со однос на задржување на луѓето во секторите, вели за Алфа универзитетскиот професор Лазар Јовевски.

Граѓаните во мометов плаќаат 10 до 15% поскапа храна, а ценовниот шок во наредните месеци може да го ублажи државата со интервенција.

  • Навистина е суштински овој период е да ги задржиме квалификуваната работна сила во Македонија и за нивно соодветно наградување, односно плаќање на нивниот труд. За да цената на трудот, да не влијае драматично на цената на производите, ќе треба сериозно да помогне финансиски целиот сектор, додава Јовевски за Алфа.

И додека граѓаните се пред нов ценовен шок од бранот на поскапувања до 50%, Владата периодов излегуваше со смирувачки изјави, без никаков ефект. Власта и сега се без конкретен одговор дали воошто ќе преземе нешто. Од кабинетот на Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи со кој бизнисот бара итна средба, поскапувањата ги оценија како шпекулации.

Претходно, сериозно поскапување за дополнителни 40% најавија и од месната индустрија. Помош побарале и во министерството за финансии, но и од таму ги одбиле барањата.  

Ако продолжи бранот поскапувања, можно е Македонија да остане без домашно производство, алармираше стопанството, а тоа ќе биде дополнителен удар за сите дејности.

Борис Грујоски