Експерти: Битиќи сака угостителите да ги прави информатичари

Неиздржана и буквално како од ракав стресена е изјавата на вицепремиерот Фатмир Битиќи кој кажа дека вработените во угостителството кои си заминале од овој сектор затоа што земале просечни плати од околу 24.000 денари,можеле да се преквалификуваат на други работни места  во финансискиот сектор и да бидат платени 53.000 денари или во информациско и комуникациските технологии каде плата е повисока од 57.000 денари.На ова силно реагираат експертите по туризам.Точно е велат дека дел од вработените во угостителскиот сектор во последните 18 месеци заминаа во други сектори во индрустријата и во услужни сектори,но ваквите ставови на вицепремиерот, се нереални.

Да очекувате дека некој кој што бил квалификуван за работа во кујна или квалификуван за работа во ресторан, дека за кратко време ќе може да се преорјентира и да стане ИТ експерт, тоа е нерално.Или другиот сегмент да работи во финансиски сектор, може да работи некои елементарни работни позиции, моѓутоа тие работни позиции сигурно не се платени по 50.000 или повеќе-рече проф.д-р. Цветко Андреевски-Декан на Ф.Т.У.

Треба да се штити секој сектор поодделно ако сакаме да имаме квалитетена работна сила и експерти чии знаења во секоја струка ќе се почитуваат.После овај период на пандемија силно треба да се  вложува во човечки ресурси со цел да го вратиме квалитетот на услугите на она ниво на кое што беа до 2019-та година,вели професор доктор Андреески иначе зошто постои средното угостителско училиште во Охрид и факултетите за туризам,ако треба сите да бидат инфоматичари,наместо да продуцираат кадри?

Ако го видите законот за угостителство, ќе видите дека менаџер во угостителски објект може да е било кое лице со завршено високо образование.Со тоа се потценува работењето и постоењето на специјализираните факултети за туризам и угостителство кои што вадат експерти од областа – рече проф.д-р. Цветко Андреевски-Декан на Ф.Т.У.

Нашите студенти неретно и до сега заминуваа на други работни позиции, а не за она за што се едуцирале и со тоа правиме хаос на пазарот на работна сила.Тие што биле стручни за една област ги пренаспчуваме во друга и на крај добиваме таква ситуација каква што имаме во дражавата.

Туризмот е на колега овие две сезони затоа треба да се вложи многу поголем напор за да се врати целиот сектор на старите патеки како што беше до 2019-та година.Но за жал во нашата држава вели Андреевски,туризмот како дејност е потценета. Со тоа што туризмот во бруто домашниот производ учествуваше  со 3% а во извозот со 5%, тоа на политичарите им укажува дека не е една од главните дејности кои што учествуваат со двоцифрен број и затоа го потценуваат туризмот.Но треба да знаат дека туризмот има најголем мултипликативен ефект и едно евро вложено во туризмот дава назад 3 до 3,5 евра заработка-појаснува деканот на охридскиот ФТУ.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста