Експерти: Барањето снимките за “Рекет” да не бидат докази, еклатантен пример за двојни аршини

Адвокатката на Јанева ќе бара снимките каде се слуша гласот на обвинителката да не бидат докази затоа што биле прибавени на незаконит начин. Фрчковска, вели дека ќе го оспоруваат делот каде се слуша како Јанева комуницира со бизнисменот, Орце Камчев.

Ваквата изјава на Фрчковска, ја разбранува јавноста, особено познавачите на оваа тематика кои велат дека ваквото барање е надвор од секоја правна, но и здрава логика.

Новинарот Саше Димовски, кој го познава и следи правосудниот систем, вели дека е нон сенс тоа што го зборува Фрчковска, оти пред се треба да биде ставен на прво место јавниот интерес, А не личните интереси и конекции на Јанева. Тој истакна дека барањето на снимките да не бидат докази е еклатантен пример двојни аршини, договорени со партијата на власт.

Инаку во вторник, на распит во обвинителството за организиран криминал е повикана Катица Јанева. Таа по втор пат ќе се најде пред обвинителката Вилма Русковска. Претходно , Јанева беше повикана во својство на лице од кое се бараат потребни известувања, по што веќе следниот ден беше уапсена.

Инаку до сега, адвокатката на Јанева , бараше екс шефицата на СЈО да се брани од слобода со депонирање на соодветна гаранција во недвижен имот, но судот го одби барањето, па по барање на обвинителството и го продолжи притворот за нови 30 дена зад решетките во Шутка. Остануваат спорните моменти на брифинзите на Фрчковска кон премиерот, но и писмата од Јанева за кои надлежните од непознати причини не ги споделуваат со јавноста.

Мери Ѓорѓиевска