Екпертите предупредуваат дека преговорите за јазикот е чекор пред самоуништување на нацијата

Преговарањето за македонскиот јазик е еден степен пред самоукинување на македоснкиот народ, смета јазичарката Симона Груевска, која вели дека доколку го потпишеме она што е во португалскиот предлог, односно дека јазикот ни е кодификуван во 1945 година, ние де факто се самоуништуваме. Таа вели доколку македонската власт се осмели да потпише такво нешто, ние автоматски ја губиме и историјата, па така нема да има потреба ни мешовитата македонско-бугарска комисија за ревизија на историјата да продолжи со работа.

Професорката посочува дека никаде во светот не се преговара за име и јазик на една нација, само во Македонија. Вели не знае зошто воопшто сме доведени во ситуација каде треба да докажуваме она што сме.

Вчера во медиумите веќе излегоа делови од португалскиот предлог каде се потврдува она за кое власта цврсто тврдеше дека го нема, односно прговарања за јазикот.

Дека јазикот е ставен на маса за преговори пишуваа претходно и бугарските медиумите. Весникот 24 часа пред неколку недели пишуваше дека Заев како компромис со Бугарија за отстранување на ветото понудил и формулација дека Бугарите и Македонците говорат ист јазик, но и на различни, кои се светски признати одделно.

Под наслов „Компромисот на Заев: говориме на ист јазик, но меѓународно признат како два различни“, бугарскиот весник повикувајќи се на извори од бугарската влада пишува дека гостинот предложил пет варијанти за компромис, кои треба да влезат во политичката декларација. Меѓу нив имало и формулација за јазичниот спор.

Мери Ѓорѓиевска