Економисти за Алфа: Ако државата не преземе сериозни чекори, ќе се соочиме со сиромаштија и висока стапка на инфлација

Мерките што ги презема државата, за колку – толку, да го задржи  опаѓачкиот стандард, на крајот би можеле да завршат на грбот на оние за кои се наменети – граѓаните. Ова е оценката на експертите, откако Владата, дополнително го оптовари буџетот, со серија мерки, кои би можеле да се ставата во графата – популистички.

Субвенции за парното греење, зголемен минималец, покачени пензии – низа популистички мерки кои на крајот ќе се удрат врз грбот на сите граѓани. Експертите предупредуваат – буџетот и онака е преоптоварен а државата презадолжена. Мора сериозно да се внимава како и за што се трошат парите – да се размислува долгорочно а не краткорочно.

Економскиот експерт Бранимир Јовановиќ алармира дека инфлацијата ќе се продлабочува, каматните стапки ќе растат, а ќе се зголемува и јазот помеѓу богатите и сиромашните.

  • Владата мора да каже: Ние ќе им помогнеме на тие што стварно им треба помош. Секоја криза треба да се искористи да се направат структурни промени во економијата. Недозволиво е нафтените компании да профитираат, а граѓаните да осиромашуваат. Главно: Помошта која ќе ја дава Владата треба да биде насочена кон малите компании кои генерираат помал профит, а не кон оние кои се профитабилни и не го чувствуваат во иста мера ударот од кризата, вели во изјава за Алфа, економскиот експерт Бранимир Јовановиќ.

Бидејќи државата на време не обезбеди поевитни гас и струја, веќе е предоцна да се запре растот на цените на сите производи, сметаат екпномистите. Сега може само колку толку да се ублажат последиците.

  • Преземањето на обрските за покачување на цената на парното итн. врз буџетот е обид државата само да го амортизира овој ценовен, трошковен и ударен стандард, Е тоа секако дека ќе има цена, и веројатно тоа ќе дојде на товар на она што е планирано, како јавни расходи во буџетот. И ако нема однапред планирано, сепак ќе мора да дојде кон ребаланс на буџетот, вели за Алфа универзитетскиот професор Зоран Ивановски.

Инаку, и без оваа нова криза Македонија беше на работ да биде презадолжена земја. Надминат е психолошкиот праг на јавен долг од над 60% од Бруто домашниот производ. Според официјалните податоци на Министерството за финансии вкупниот јавен долг на крајот на декември изнесувал 7 милијарди и 135 милиони евра. За само една година бил зголемен за дури 652 милиони евра. Едноставно кажано, за само 12 месеци, Владата го задолжила секој Македонец за дополнителни 326 евра.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста