Економисти предупредуваат: Она што го прави власта не го амортизира ударот врз домашната економија

Владата го гаси пожарот во економијата со ад хок мерки кои нема да им помогнат на најзагрозените категории граѓани. Експерстката јавност предупредува дека во услови на драстично зголемување на цените, ефектите од мерките ќе бидат речиси никакви. Кризата е сериозна и налага посериозен пристап:

„ Во таа насока мислам дека владата треба да посвети многу повеќе внимание на заштита на животниот стандард и куповната моќ на граѓаните од ранливите категории, меѓутоа паралелно да работи на градење на развојниот капитал и потенцијал на економијата. На крајот на денот секоја криза создава нови можности и ако ние водиме креативни економски политики во насока да ја искористиме оваа криза и од неа да создадеме други можности, тогаш на среден рок може и да се надеваме дека сите овие негативни афекти полесно ќе ги пребродиме„-вели проф. Дарко Лазаров .

Ударот од кризата според Лазаров допрва ќе засили што сериозно ќе се одрази и врз перформансите на македонската економија која ланската година ја заврши со најлош резултат во споредба со регионот.

  „Македонија забележа стапка на економски раст од само 4%. Споредбено со земјите од регионот каде што стапките за економски раст се движеа од 7-8%.Чисто за илустрација Србија имаше стапка на економски раст од 7,5%, Хрватска од 10,4%, Унгарија од 7,3 .Овде се и Бугарија, Албанија и КОсово кои имаат раст од 7-8% што значи дека компаративно Македонија има најлоши економски перформанси за 2021„-изјави проф.Дарко Лазаров.

Клучниот предизвик за наредниот период за македонската економија ќе бидат ефектите од воената криза во западна Европа, која традиционално важи за наш главен трговски партнер. Какви ќе бидат последиците засега е неизвесно. Затворениот пазар во Украина и Русија досега не чини над 60 милиони евра, колку што изнесува годишниот извоз на македонски производи во овие две држави.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста