„Економист“: Македонија е на третото место во светот по „прекумерна смртност“

Македонија е на третото место по „прекумерна смртност“ на 100 илјади жители, објави британски „Економист“. Според анализата, во периодот од 1 април до 31 декември 2020 година од ковид-19 починале 2.490 луѓе во земјава, но имало вкупно 5.690 смртни случаи, за кои не може да се каже од што настанале.

Пред нас се Перу и Русија, а по Македонија следуваат Бугарија, Литванија, Мексико, Србија, Еквадор и Молдавија.

Овие бројки покажуваат дека, во споредба на историска основа за претходните пет години, Европа претрпела неколку смртоносни сезони на грип од 2016 година – но дека бројот на жртви оваа година од ковид-19 е далеку поголем. Иако повеќето од овие починати биле постари од 65 години, бројот на смртни случаи кај Европејците на возраст од 45-64 години бил 40% поголем од вообичаеното на почетокот на април-пишува британски „Економист“.

Според „Економист“, бројот на починати како резултат на пандемијата со коронавирусот може да е уште поголем од официјалните статистики што здравствените власти секојдневно ги објавуваат . За тоа наведуваат неколку причини. Прво, официјалните бројки не ги вклучуваат тие што починале, а пред смртта немале позитивен тест на ковид. Во земјите каде што има мал број тестирања или недостиг на тестови, ова може значајно да влијае врз статистиката, односно да послужи како начин на кој ненамерно се „кријат“ починатите од ковид-19. И второ наведуваат дека , пандемијата им ги врза рацете на лекарите да третираат други здравствени состојби и ги обесхрабри луѓето да одат во болница и да бараат помош за други болести, што индиректно може да предизвика раст на смртноста од други болести.

Во Македонија според здравствените власти досега од ковид-19 се починати над  3400 лица.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста