Економијата во тетовско пред колапс, нема помош од државата

Економијата во тетовско е пред колапс. Градот 90 % живее од малите и средни претпријатија, кои се токму најпогодени од кризата.Многу бизниси веќе се затворија, граѓаните остануваат без работа. Експертите сметаат дека Владата премногу се залетала на почетокот, трошејќи огромни суми на пари, не размислувајќи дека кризата ќе трае.

-Државата веќе не може да издржи да и помогне на економијата.Ако имаме полоша варијатна на есен па и понатаму, иако искрено не знам колку може полоша од колку што сега е,не знам како ќе и помогнеме на нашата економија и бизниси, изјави Гадаф Реџепи, економски аналитичар

Помош од властите бара и тетовската градоначалничка Теута Арифи. Последиците од пандемијата врз економијата во градот се вели, огромни.

Претежно Тетово е град на мали и средни бизниси..токму овие помали бизниси се поврзани со услугите , за кои во моментов има многу помала побарувачка, рече Теута Арифи-Градоначалник на Тетово

Дополнителен удар за тетовската економија е и отсуството на иселениците,чии пари летниот период и тоа како ја раздвижуваа.На пример, само за една поскапа свадба се трошеле и до 50 илјади евра.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста