Еколошка катастрофа со природните и вештачките езера- Состојбата е алармантна

Охридското езеро во рацете на оние кои профитираат од неговата пропаст.Преспанското пак, многу блиску до пресушување. На Козјак ни капка вода на местото каде што пред 3 години имало огромна водена површина.

Најзагрижени се концесионерите во Преспанското езеро, тие тврдат дека во кубикажа изгубени се околу две дојрански езера. Охридските рибари пак, постојано апелираат до Владата да внимава на кого го препушта езерото.

Рибарите предлагаат самите да водат сметка за езерото и да и плаќаат на државата, а не на концесионерот.

Овие езера не се единствени, црквата која обично е скоро цела потопена од Мавровското езеро сега е на суво.

И покрај тоа, на дебатата на правниците во врска со борбата за заштита на животната средина, не се отвора проблемот со езерата.

Професорот Ацески смета дека овој проблем е резултат на климатските промени.

„Не, немаше дискусија за проблемот со езерата, сметам дека е поради климатските промени“, изјави професор Илија Ацевски.

На дебатата присуствуваше и министерот за животна средина, кој напомена дека закони има доволно и дека тие се добри, ама вината за загрозената животна средина ја гледа во имплементацијата на законите.

„Нашите сегашни закони не се воопшто лоши, добри се. Ги подобруваме и ги усогласуваме со директивите на ЕУ и ќе продолжиме да работиме така. Сите треба заедно да соработуваме, сите инспектори, министерства, како и Академијата, бидејќи само да ги напишеме законите, а да не ги примениме не е доволно“, рече министерот за животна средина.

Инаку, Македонија располага со 3 природни и околу 120 вештачки езера.

Симона Србиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста