НАЈНОВИ ВЕСТИ

Екологисти: Охрид може да се спаси само ако политиката не ги кочи експертите

Праведно е Охрид да се најде на листата на загрозени подрачја,затоа што тоа праќа порака дека ние како власт и како држава не сме направиле доволно да си го заштитиме единственото Унеско подрачје-вели екологистите,укажувајќи дека во многу заштитени подрачја има деградација и уништување на целокупната наша животна средина. Во ивештајот на Унеско се наведува дека регионот со години е под постојан притисок од повеќе закани. Од големи инфраструктурни проекти, зголемено загадување до неконтролиран урбан развој и крајбрежна експлоатација. Се’ додека не се справиме со дивоградбите,ќе види статусот на Охрид под капата на Унеско.

  • Ние како граѓани не можеме да одиме да уриваме, значи генерално зборувам.Ево и за урбанистичкиот хаос покрај езеро.Одам често пати Канео, штиците ги извадија, шипките останаа никој не одговара.Еве ги нашиве браќа од Албанија, за година дена се што беше диво урнаа. Ама кај нив немаше, ако е Борис сопственик или ќе го урне или ќе го урне државата Борис, ќе плати.Кај нас државава урива,Борис парите во џеб ги пика, не е во ред-рече Борис Џајкоски-Е.Д. “ Грашница”.
  • Нема што да се размислува тоа е толку очигледно,тоа е поради создавање на некој економски профити на одредени личности, на одредени компании и тн, се занемарува првенствено она што треба да се чува а потоа да се користи-рече Зоран Спиркоски-Хидробиолошки завод Охрид.

Професор Мариноски кој го изработи првиот проект за концесионирање со плажите, раскажува што точни предвидувал истиот.

  • Во тие наши заложби беше предвидено макимална еколошка заштита,тоа претпоставуваше да нема цврсти градби, да нема заградување од плажа во плажа и максимално да се користи хортикултирата ако веќе сака да се обележи плажа која е дадена на концесија и тоа требаше така да биде изведено-вели проф.д-р.Науме Мариноски-Ф.Т.У.

 Домашните експери сугерираат да се формира стручен и независен тим кој што нема да биде под влијание на одредени структури коиод позиција на моќ постојано се вмешуваат од политички апсект, а најмалку стручен-притоа кршејќи ги основните прописи.Не споеведувајќи ја пропишаната регулатива,измислуваат нови копцепти за развој на градот, без притоа да го координираат огромното културно наследство поради кое Охрид е примен под Унеско како 4 град во светот.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста