ЕКО ГЕРИЛА:ОБВИНИТЕЛСТВОТО ИТНО ДА ЗАПОЧНЕ ИСТРАГА ЗА СКАНДАЛОТ СО ШИК ЈЕЛАК, БАРАМЕ ОДГОВОРНОСТ И КАЗНИ

Не стивнуваат реакциите во јавноста за новиот ДУП во Тетово, вреден 200 милиони евра, зад кој стои контроверзниот црногорски бизнисмен, Миодраг Дака Давидовиќ.Од здружението Еко герила, бараат Обвинителството итно да започне истрага против општина Тетово и сите вклучени во ова скандалозно пазарење. Локалните власти на нетранспарентен начин носат контроверзни одлуки за промена на правецот на градот со нови урбанистички планови.

“Во ситуација кога градот нема вода за пиење, водоводна мрежа, канализација, паркиралишта, колективни гаражи, булевари, обиколници, проценуваме дека градот Тетово е многу далеку од инфраструктурниот капацитет за изградба на станбени и трговски комплекси во внатрешноста на градот. Неприфатливо е да се изградат нови 30 станбени згради на влезот на градот, во хаотичен град од сите аспекти, без основни услови, каде што очигледно недостасуваат паркови и рекреативни простори. Треба да и се разјасни на јавноста дали се направени проценки за еколошките последици и движењето на воздухот од овие градби”, изјави Аријанит Џафери- “Еко герила”

И додека се повеќе се зборува и негодува за огромниот комплекс кој треба да никне на просторот на поранашениот гигант Шик Јелак,локланите власти една недела молчат за скандалот.И покрај упорното инсистирање на одговори,сеуште се недостапни за медиумите.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста