Еко аларм – Оризарска река загадена, во опасност и Брегалница

Повторно загадена Оризрска река кај кочанското село Оризари. Веќе два дена водите во реката се модри, истекува пена , а се шири и неподнослива реа, алармираат од кочанското здружениет на спортски риболовци. Екологистите бараат надлежните веднаш да излезат на терен, да земат мостри и да го најдат виновникот..
“Конкретно е забалежана промена на водата и јак непријатен мирис. Се претпоставува дека се работи за текстилни компании кои испуштаат боја. Тоа се наши претпоставки, не можеме точно да кажеме се додек не се земат мостри”-изјави Благојчо Стојановски-член на УО на Риболоввно друштво – Кочани.
Од надлежните не добивме одговор на прашањето дали инспектор за животна средина излегол на терен и зел мостри од водите на реката.
Оризарска река е притока на Брегалница, така што на овој начин се загадуваат и водите на најголемата река во источниот регион, која во јуни поради пукнато црево целосно побеле. Виновникот експресно беше откриен, a Државниот инспекторат на компанијата Техникал текстил им изрече мандатна казна во висина од 3000евра бидејки инцидентот не го пријавиле, и на тој начин го прекршиле Законот за води. Несовесното однесување кон водите стана наше секојдневие. Пред два дена целосно со пена осамна и градската фонтана во Струмица. Причина за оваа несекојдневна појава се граѓани кои во неа истуриле прашок за перење.
Александра Ристевска