Еко – активистите од Струмица се заканија со бојкот на изборите поради Иловица

Бојкот на изборите се до поништување на срамната одлука од страна на вишиот управен суд и итно одземање на втората концесија, најавија еко активистите од Струмица. На собранието на Координтивното тело одлучија со протести и блокади на патишта, судови и институции, да ги радикализираат активностите..

-“Ќе водиме кампања за блокирање на сите избори. Не само овие ,доколку ова продолжи ќе ги блокираме и сите понатамошни. Одлучивме да ги блокираме сите партии во Југоисточниот регион се до решавањето на судбината на Иловица” – изјави Ѓoрги Танушев-НВО Здрава котлина.

Невладините не се странки во спорот, но на Јавното правобранителство и Владата им се нудат како сведоци. На располагање ќе им дадат документи и клучни детали околу соработката на Еуромакс со државните институции.

-“Сакаме комплтно да ја прекинене таа постапка, да се врати во фазата во којашто претходно беше, односно да остане концесијата одземена”- изјави Ѓорги Танушев-НВО Здрава котлина.

Активистите обвинија дека во матните игри на компанијата Еуромакс се замешани Генералниот секретар на Владата и заменик министерот за економија кои претходно нуделе адвокатски услуги на компанијата.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста