Еко-активисти во Кочани тужат фабрика поради загадување на воздухот

Невладината организација Грин орг, кривично ќе ја гони фабриката  Пејпер Мил во Кочани. Еко активистите тврдат дека токму оваа фабрика за рециклирање на хартија е еден  од главните аеро-загадувачи во градот. Црниот чад кој излегува од оџакот и смрдеата од пластика што се шири се потенцијална опасност по здравјето на илјадници кочанци. Минатата недела Кочани се најде на третото место на најзагадени градови во Европа. Активистите бараТ фабриката која се наога во населелба со околу 5000граѓани исклучиво да користи метан, бидејки филтерот што беше инсталиран откако граѓаните масовно излегоа на протестигиа, не ги дава соодветните резултати.

-“Апелираме да се преземат меркии истата да работи исклучиво на метан, како што е законски за фабрика во населено место.еве во прилог ќе видите дали вака треба да изгледа оџак на фабрика која има филтер и таква која работи во сред населба и дали ова е нормално за фабрика со А интегрирана дозвола или и овој пат инспекторите потфрлиле во нивната работа”- изјави Симонова

Граѓаните се сомнваат дека мерењето во време на инспекциските надзори се вршени кога работната активност на фабриката  е сведена на минимум, со цел да се прикажат помали мерни загадувања кои ќе бидат во рамки на законски предвидените бројки, објаснува правниот застапник на здружението.

–“Забележана е злоупотреба на правното лице од страна на одговорните лица за зголемување на работната активност на котелите во доцните ноќни часови, како и злоупотреба на фабриката во време на вонредна состојба бидејки во време на полициските часови кога е намалена фрекфренцијата и можноста за забележување од страна на граѓаните се зголемува активноста на котелот”-изјави Лефков.

Активистите тврдат дека Пејпар мил е директен загадувач и на реката Масалница, а се уште нема ништо и од прочистителната станица за која менаџментот на фабриката им вети дека ќе биде готова најдоцна до мај.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста