Екипи на Брза помош се уште се на местото на кое избувна пожар во Шутка

Брзата помош со три екипи интервенира на местото на кое избувна пожар во Шутка, во кој загинаа две деца. Оттаму за Алфа велат дека првата екипа пристигнала кај опожарената куќа во 13.39. Во моментов екипи се уште интервенираат.

-Првата екипа пристигнала на местото во 13.39 часот, а пријавата пристигна во 13.34. Интервенирано е кај тројца возрасни, маж и две жени, роднини на децата. А втората екипа интервенирала кај возрасен и дете, а третата екипа во моментот помага на жителите во околината на опожарената куќа, изјави д-р Милица Бубало, раководител на Службата за итна медицинска помош Скопје.

Според МВР, пожарот избувнал во куќа на улицата Брсјачка буна, по што се проширил на три други куќи. Оттаму за Алфа велат дека пожарот е пријавен во 14.15 часот.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста