ЕК проектира дека БДП на Унгарија ќе се зголеми за 5 проценти, за разлика од претходно проектираните 4

Европската комисија во пролетната економска прогноза, проектира дека БДП на Унгарија ќе се зголеми за  5,0 проценти годинава, за разлика од зимската проекција кога се предвидуваше 4,0 проценти за унгарската економија. Владата на Унгарија пак предвидува раст на БДП за 2021 година од 4,3 проценти.  ЕК со големи очекувања дека економијата на Унгарија  да порасне за 5,5 проценти во 2022 година.

„Потрошувачката на домаќинствата е подготвена да се врати благодарение на постојаниот раст на реалниот доход и зголемената способност и подготвеност на потрошувачите да трошат откако ќе се отстранат ограничувањата“,вели ЕК во својот извештај.

Тоа укажува на подобрување на позитивното влијание на пазарот на трудот врз приходите на домаќинствата, постепено повторно воведување на годишен бонус за пензионери и ослободување од персонален данок на доход за Унгарците под 25 години од 2022 година. Зголемените  владини субвенции, се очекува да ги зголемат приватните инвестицииво Унгарија, додека грантовите се очекува да ги задржат јавните инвестиции на околу 6,5 проценти, се вели во прогнозата.

Во меѓувреме, унгарското индустриско производство е зголемено за 16,5 проценти на годишна основа во март. Извозот на доминантниот автомобилски сектор во Унгарија е зголеми за 28,1% на годишно ниво во март по падот од 6,6% во февруари. Зголемен е и извозот  на компјутерска и оптичката опрема како и електрониката за 9,6 проценти, додека извозот на храна, пијалоци и тутун е зголемена за 1,1 процент. За периодот јануари-март, производството се зголемило за 4,0 проценти на годишно ниво покажуваат државните извештаи.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста