Едно лице од Албанија уапсено на граничниот премин „Долно Блаце“

На 14.09.2020 во 16.30 часот на граничниот премин „Долно Блаце“, при проверка на Б.И.(44) од Р.Албанија, кoј управувал патничко возило „ауди А8“, со албански национални ознаки, било констатирано дека возилото е во оперативната евиденција по барање на Интерпол од Албанија.

Тој бил лишен од слобода и заедно со возилото се предадени на полициски службеници од Полициската станица Чаир за понатамошна постапка.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста