Едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа за време на одржувањето на авто-трка на регионалниот пат Пробиштип – Кратово

16.08.2020 околу 13.20 часот на авто трката која се одржуваше на регионалниот пат Пробиштип – Кратово, кај место викано „Жгури“, патничко возило „хонда сивик“, без регистарски ознаки, управувано од A.K.(43) од Скопје – учесник на трката, удрило во К.А.(62) од Скопје – техничко лице на трката, кој се здобил со повреди и бил пренесен во Општа болница Пробиштип. Поради серизоноста на повредите од таму бил препратен во Медицински центар Штип, но по патот починал. Увид извршиле екипа од СВР Штип и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.