Едно лице почина од струен удар

На 21.07.2020 околу 10.15 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека во с.Марена, кавадаречко, Р.С.(35) од с.Росоман, управувајќи камион-кипер, ги закачил жиците од далноводот, при што настанал електричен удар, а Р.С. починал на местото. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кавадарци.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста