Едни се бришат нови се објавуваат-бомбите од конгресот на СДСМ како печурки во јавноста

Едни се бришат, други видеа испливуваат во јавноста. Врие на Бихаќка по објавените снимки и реакциите на сега веќе поранешни функционери на СДСМ на неодамнешниот Конгрес разочарани од владеењето на Зоран Заев. По експресно избришаните снимки со говорот на министерката Шеќеринска утрината се објавија нови две аудио бомби. Овој пат актуелниот градоначалник на Куманово Максим Димитриевски – потврдува дека партијата е сведена на здруженија на мали групи организирани и взаемно поврзани луѓе. Потсетува и на 15-от Конгресот од 2013 година кога се променил и дополнил статутот на СДСМ, и дека гледајќи од ова дистанца денес, многу сопартијци не го почитувале или разбирале слогото транспарентност, отчетност и одговорност. По критиките Димитриевски сепак не доби повторно функции во СДСМ.

Во втората аудио бомба која што исто така се појави на Фејсбук страницата „Оставка Заев“ говори Хазафер Амруловски од Центар Жупа со низа реакции за функционирањето на партијата.

Дека работите не поминале во глатка атмосфера потврдуваат токму аудио записите кои ги преплавија социјалните мрежи. Во затворениот дел од Когресот на кој Заев направи чистка во сопствените редови, Радмила Шеќеринска јавно го критикува работењето на премиерот, но по само неколку часа снимката од нејзиниот говор експресно беше избришана.

Загрижена сум дека за одредени прашања влегуваме во старата замка или старата опасност, а тоа е да ги затвораме очите од некои проблеми кои само ние можеме да ги решаваме, никој друг. Загрижена сум за тоа чувство дека ако си го одмолчиш своето, нема да има никакви проблеми, а тие проблеми само се зголемуваат. Загрижена сум што е сомнително кога некој има став и некаква позиција, исправна или не, а не кога ги жртвува и ставот и принципите за некаква лична цел, вели Шеќеринска во видеото.

Но не само снимките туку беше избришана и страницата на која беа објавени видеата.Покрај овие снимки се појавија и други снимки, еден од делегатите од општина Центар реагира на одлуката на Заев за разрешување на Стојко Пауновски. 

Освен Шеќеринска која поднесе оставка на позицијата заменик – претседател на партијата Заев и присутните на Конгресот одлучија во раководството повеќе да не бидат и потпретседателите Мухамед Зекири и Коста Петров.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста