Експерти: причините за ширењето на воената психоза е што власта целосно ја загуби довербата на граѓаните

Власта смирува, граѓаните не и веруваат. По толку лаги, манипулации, лажни и неисполнети ветувања, власта се соочува со сериозен проблем – во услови на криза и воена психоза, граѓаните не им веруваат на институциите и луѓето што ги водат. Затоа ни се случуваат сцени како вчерашната со редиците на бензинските пумпи, масовно купување на производи и слично. Иако паниката на граѓаните е неоправдана, затоа што нафта има, сепак луѓето не веруваа во смирувачките тонови на министерот.

Експертите велат дека не е изненадување она кое го прават граѓаните за да обезбедат услови за нормално живеење. Универзитетскиот професор Илија Ацески вели партизираноста на институциите е главната причина која влева најголема недоверба кај граѓаните. Додека не запрат лажните ветувања, не ичезне корупцијата не може да очекуваме сликата да биде поинаква.

– Недовербата главно произлегува и се базира на тоа што институциите во голема мера се партизирани. Особено сега доаѓа до израз во кризни ситуации, тоа значи дека граѓанинот не верува дека институациите прават нешто кое може да се надмине, менаџира и да се излезе од оваа ситуација многу полесно. Особено во оние институции кои се поврзани со економија, образование и рационално управување со нештата кои водат кон добра насока, вели професорот Ацески.

Но не е само случувањето во Украина единствен случај кон граѓаните и покрај бројните уверувања на македонските власти дека состојбата е по контрола, сепак се одлучуваат да не им веруваат. Експертите се децидни дека ваква состојба следува откако власта неколкупати веќе ги излажа граѓаните дека почнува процесот на интеграции, за потоа да излезе сосема спротивното, па за датумот за почеток на преговори се уште чекаме. За кратко време беа побиени и уверувањата власта дека по воените случувања  во Украина државата ги има стоковите резерви под контрола. Сепак по само една недела заклучокот на државниот врв падна во вода по информацијата од сосесдтвото дека Србија ќе ни помогне со житни култури поради недеостиг на количества во Македонија.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста