Една година по влезот во НАТО – Што добивме, до каде дојдовме и каква ни е иднината во вакви услови?

Една година откако Македонија стана членка на НАТО. Една година фалби од Министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Но што всушност добивме а што изгубивме? Македонија стна членка на алијансата по потпишувањето на Преспанскиот договор со кој државата го смени уставното име во Република Северна Македонија. Властите спроведоа уште низа идентетски отстапки. Договорот од Нивици требаше да ни ги отвори портите и кон ЕУ, ама од тоа нема ништо, оти сега Бугарија бара откажување од историјата, јазикот, идентитетот. Иако потпишавме договор за добрососедство.

„Членството во НАТО беше една од долгорочните цели на надворешната политика, и таа реализација може да ја опишеме како успех, но успех за кој се плати висока цена“ – вели поранешниот амбасадор на Македонија во САД Васко Наумовски.

Недостатокот на компромис во рамките на целото општество,  во процесот на сите оние компромиси кој што беа правени со други држави, да се оствари оваа клучна надворешно политичка цел доведе до оваа ситуација кога членството во НАТО се дефинира како нешто за што сме платиле превисока цена. Најголем дел до државите што станаа членки на НАТО, истовремено беа на добар пат кон евроинтеграцијата. За разлика од нив, кај нас процесот на евроинтеграција е закочен и повторно се соочуваме со процес во кој што не е постигната согласност помеѓу сите политички партии и чинители – вели универзитетскиот професор Васко Наумовски.

Спроед безбедносниот аналитичар Милан Стефановски, гледано од емоционален аспект, членството во НАТО не чинеше премногу.

Ако гледаме од емотивен аспект, изгубивме премногу со тоа што го сменавме името, но ако гледаме од политички аспект, имаме многу бенефити од НАТО, само што не можевме да ги осетиме бидејќи уште живееме во пандемија – вели Стефановски.

Цела една година, Македонија е членка на северно – атланската алијанса, ама се уште има функционери кои не добија НАТО сертификати, што предизвика бурни реакции во јавноста. Стандардите во НАТО се високи и јасни, и професорот Наумовски смета дека сите личности кои што имаат наследство од минатите системи би требало да бидат отстранети од овој тип на соработка со алијансата.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста