Една година од свирепото убиство на малата Вања Ѓорчевска
Пред точно една година, 27 ноември, беше последниот ден кога 14-годишната Вања излезе од дома кон училиште. Но никогаш не стаса на час. На скалите од зградата двајата обвинети од групата на Палчо, и ставиле вреќа врз глава, и ги врзале рацете и ја напикале во багажникот на укредниот син „цитроен“. Ја однеле до местото викано „Дупки“ во близина на скопско Бразди каде, според обвинението, Палески и пукал во главата преку перниче и потоа ја закопале.
Додека се случувала трагедијата, македонската јавност се креваше на нозе по објавата на мајката дека детете е исчезнато. Сите на свој начин организираа масовна потрага по Вања.
По една недела, јавноста вечерта на 3 декември остана шокирана. Вања е убиена, а полицијата веќе знае кој се убиците.
- „Главен организатор и извршител кој со пиштол кој на 27.11 според досегашните утврдени докази некаде околу 10 часот ја усмртил малолетничката“ рече Оливер Спасовски – поранешен министер за внатрешни работи на 04.12.2023 година.
- „Тие искази се поврзани со материјални докази и тука нема бегање. Тие искази одговараат на тоа што е пронајдено“ изјави Гаврил Бубевски – Главен обвинител на Скопско обвинителство на 04.12.2023 година.
Паралелно, додека се трага по укредниот „цитроен“ полицијата стигнуваат до „реното кангу“, возило кое се користело во партијата Десна и после претресот во кацелариите, прв лисици на рацете добива Влатко Кешишев. Тој ја носи полицијата до местото каде е закопана Вања. Како негови соучесници ги посочува Боре Видевски и Велибор Манев.
На 22-ри ноември истата група, според обвинителите, го киднапирала и убила пензионерот од Велес, Панче Жежовски за наводен долг од 500-тини евра. Неговиот автомобил, „цитроен“ бил украден за грабнувањето на Вања, а потоа запален 300-метри воздушно од локацијата каде што беше закопано девојчето. Велибор Манев пак на полицијата ќе им покаже каде го закопале убиениот Жежовски во периферијата на Велес.
Уапсените го почуваат Љупчо Палевски Палчо како мозокот на операцијата и тврдат дека всушност тој пукал и ги убил Вања и Панчо. Јавноста доживува и нов шок кога е приведен и таткото на девојчето , Александар Ѓорчевски. Тој според обвинителниот акт тој и помагал на групата така што давал информации кога неговата ќерка ќе го напушти домот за да оди на училиште.
Палевски е во бегство. Дознавајќи дека го бараат, Палчо, заминува за Белград, па оди до турски Беликесир, каде е и уапсен.
- Зошто се дадовте во бегство? – „Не сум бил во бегство, и не смеам да говорам за истрагата“ рече пред судот Палевски на 21.05.2024 година.
Судската постапка почна на 20-ти септември. Обвинителите тврдат дека имаат црвсти докази дека Палевски и другите го грабнале девојчето за да изнудат пари од мајката Зорица Ѓорчевска. Обвинетите, иако пред полицијата признале и покажале каде се телата, сега пред судот рекоа дека не чувствуваат за виновни.