Единственото УНЕСКО подрачје го изгубивме, сега надлежните пред камери порачуваат колку е важно да сме го зачувале Охрид

Откако после 4 деции под капата на Унеско,се дозволи Центарот за светско наследство да бара Охрид да се стави на Листата на светско наследство во опасност, а нашата држава да го изгуби единственото Унеско подрачје, функционерите ја користат секоја прилика да испратат порака за зачувување на Охридскиот регион.Овој пат тоа го направи министерката за култура Стефоска која на свеченото отворање на ’’ Охридско лето’’ рече дека Охрид не е забавен парк.

Охридското езеро е редок дар, а не базен. Охридското-струшкото крајбрежје е мир, а не бетонски рај.Регионот е волшепство од природата и наследство на историјата. Тапијата е во наши раце, само на чување. И затоа мораме да ја зачуваме, не заради УНЕСКО туку заради оставениот аманет кој е и наша обврска и наша чест-рече Ирена Стефоска-мин за култура.

Откако централната и локалната власт и сите надлежени институции го преспаа 4 годишниот период  и не испорачаат се’ што од нас побара Унеско,Стефоска ги уверуваше поколниците на уметноста и древниот град дека Владата само навидум бавно ги исполнувала задачите, но не сопирала.

На отворањето на 61-вото  „Охридско лето“ се обрати и покровителот на манифестацијата, Претседателот Стево Пендаровски.

-Годинава, кога прославуваме 30 години од независноста,го започнуваме нашиот најпрестижен фестивал  со 90 македонски уметници чии квалитети сигурно не се подолу од најпознатите светски имиња,а тоа ни е повеќе од потребно во секојдневието исполнето со сиви тонови-рече Пендароски.

Како критичар на сите апарати и системи на моќта, уметноста нè охрабрува да не се помируваме со злоупотребите и да не молчиме пред неправдите. Дури и кога е игнорирана или забранувана, уметноста си го пробива патот меѓу луѓето, меѓу народите, јазиците и културите,ширејќи го просторот за свет, со почовечки лик-рече Стево Пендароски-Претсед.на Р.М.

Инаку, во услови кога кај нас се дозволени свадби и свечености дури и во затворен простор,поради опасноста од ширење на пандемијата, капацитетот на Античкиот тетар синоќа беше половина исполнет.Бидејќи 90% од концертите ќе се одржат во Света Софија,директорката на Охридско, Наташа Поповиќ вели падемијата не заврши,затоа катедралната црква ќе биде исполнета само30 %. 

 “Охридско лето“ беше отворено со музичко-сценскиот спектакл „Големиот Чајковски“,во изведба на уметниците од Националната опера и балет.Од 12-ти јули па се до 20-ти август на „Охридско лето“ ќе настапат повеќе од 500 уметници од 18 земји. Директораката тврди дека до сега нема откажувања на договорените настапи.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста