Единствениот ренген апарат во штипската болница веќе две недели, штипјани одат дури до Велес

Ако скршиш рака во Штип, скршеницата ќе треба да ја дијагностицираш во Велес или Свети Николе. Поради расипана цефка на ренген апаратот во штипската болница, веќе втора недела пациентите кои имаат потреба од вакви снимки патуваат до околните градови. Таков е случајот и со штипјанец со скршеници кој за ренген снимка бил испратен до Велес бидејќи единствено таму имало слободно место.Јавно не сака да збори за голготата што ја преживеал наоѓајќи човек за да го превезе до велешката болница. Истовремено  не работи и магнетната резонанца, за чие санирање на дефектот се потребни дополнително околу 300.000денари.

Од болницата бараат разбирање од пациентите. Велат постапката за санирање на дефектот е почната и до крајот на месецот ренген апаратот повторно ќе биде ставен во функција.

„Бараме за стрпливост. Во најбрз можен рок се решаваат сите овие дефекти. Меѓутоа не може да се реши од денес за утре . Мора да се спроведе постапка за јавни набавки. Најчесто сервисерите ги немаат потребните делови на лагер. Станува збор за скапи делови. Цефката за  ренген апаратот чини  околу1милион денари„ – изјави д-р Ален Ѓеорѓијев , директор на КБ-Штип.

Додека се чека на поправка на апаратите, итните случаи, како и пациентите со Ковид се снимаат со компјутерскиот томограф. Дека состојбата со едни од највиталните апарати во штипската болница е загрижувачка, денес реагираа и штипските опозиционери. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста