Единица во дневник како казна за бојкот, растат притисоците врз децата и родителите

Единица како казна за бојкот. Учениците кои изминатите денови не ја следеа наставата поради спорната дигитализација на учебниците се соочуваат со страшни притисоци – предупредуваат од Иницијативата „Настава и учебници мора да има“. Иако бојкотот е ставен во мирување поради можноста дека МОН ќе ги разгледа барањата на родителите, Драгана Спасевска обелодени дека наставничка во тетово ги казнила учениците со што на цел клас им ставила единици.

Цело време се закануваат дека ќе им намалат поведение, се викаат деца кај директорите на разговор. Дознав дека една наставничка во тетовско училиште пишала на цело одделение единици што не биле на настава. Единица заради отсуство не постои. Страшни работи ни се случуваат но од друга страна морам да кажам дека имаме голема поддршка од добар дел од наставниците , но неопходни ни се и другите кои се партиски поврзани со актуелната власт, кои мора да бидат свесни со што ќе се соочат од септември. Имаме и од дел од нив поддршка но не сакаат јавно да се истакнат, нагласува Спасевска.

Здружените родители реагираат зошто министерката Царовска веќе започнала обуки на директори и наставици за дигитализација, иако законот не го има поминато собранискиот филтер. Бараат итна департизација на ресорното министерство оти според нив, реформите кои ќе се прават во овој сектор, се за партиски цели, а не по мерка на учениците.

Инаку, во понеделник дефинитивно ќе се знае дали родителите и учениците ќе излезат на протести. Тоа ќе се случи ако од министерството останат глуви на нивните барања, дел од стручната фела и родителите да учествуваат во ревизијата на предлог законските измени. Најдобар начин, според нив, е граѓанска иницијатива со која по собраните потписи, ќе влезат во собрание на јавна расправа околку законот за учебници, кој Власта сака да го протурка со европско знаменце.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста