Еден загинат и осуммина ранети во два терористички напада во Тунис

Два самоубиствени напада беа извршени денеска во Тунис при што загина полицаец и ранети се најмалку осум луѓе.

Полицаец загина во првиот напад извршен на улица во галвниот град на Тунис извршен во близина на полициско возило.Во тој напад ранети се тројца цивили и полицаец.

Вториот напад е извршен во близина на полициска станица каде се ранети четворица полицајци, соопшти Министерството за внатрешни работи.