ЕДЕН ЗАБОЛЕН МЕЃУ РАКОМЕТАРИТЕ ПРЕД КВАЛИФИКАЦИСКИОТ ДУЕЛ ЗА ЕП СО ФИНСКА

Еден од бековите повикани во нашиот национален машки ракометен тим бил позитивен на КОВИД 19 и ќе мора на принудна пауза односно во изолација, и ќе ги пропушти првите средби на Македонија во новите квалификации за следното Европско ракометно првентво. За сега пред вечерашното приклучување на Кире Лазаров и Николче Митревски на тренинзите, и тоа по резултатите од задолжителното тестирање, селекторот Данило Брестовац не повикува замена, но не е исклучено тоа да го стори. В среда не очекува дуел против Финска во Скопје, а в сабота гостување кај Швајцарија, средби кои се дел од групата 7, во која е и силната Данска, и од која, две екипи сигурно ќе патуваат на завршницата. Ние имаме променет состав, но и без неколкумина стандардни за два дена сме големи фаворити со Финска во мечот што ќе се игра во Борис Трајковски, меч што мора да се добие.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста