ЕДЕН СЛОБОДЕН ДЕН НА ЖЕНСКОТО РАКОМЕТНО ЕП ВО ДАНСКА ПРЕД ВТОРИОТ ГРУПЕН СЕГМЕНТ

Франција, Данска и Црна Гора од првата, и Хрватска, Унгарија и Холандија од третата група си обезбедија продор до втората групна фаза на 14-тото Европско ракометно првенство за жени во Данска. Овие шест селекции и шесте што од завчера имаа виза се најдоа во двете нови конкуренции во кои ќе има уште три рунди, по што ќе ги добиеме полуфиналистите. Денеска на Евро шампионатот е слободен ден, а од утре тргнуваат новите натпревари. Собирот ќе кулминира на крајот од следната седмица за кога е предвидено финалето во Хернинг.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста