Еден поинаков Бадник во Тетово…

Традицијата ја продолжија најмладите.Со пеење на песната Бдња баба,синоќа во Тетово дечињата го најавија Христовото раѓање.Бадник, кој во градот под Шара со години се одбележува на специфичен начин,годинава помина во сенка на пандемијата.

Тетовските улици и маала вечерва за Бадник останаа празни.Немаше традиционално палење на бадниковите огнови, ниту славје до раните утриснки часови.

Не се одржа ниту бадникарскиот маскенбал, барем, не како што тоа било минатите години.Низ улиците можеше да се забележи по некое маскирано дете.Сепак,традицијата не запре, ја продолжија тие на кои таа и останува-дечињата.

Маските и годинава,беа најразлични.Дечињата пак, најрадосни.

Бадник во Тетово велат, не се раскажува, туку мора да се доживее.Тетовци се надеваат дека следната година,овој голем христијански празник, ќе биде многу  повесел и помасовно прославен.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста