Еден од најблиските соработници и соселани на Зоран Заев снимен како прима пари

На јутјуб утрово се појави кратко видео на кое се гледа како Ден Дончев, поранешен директор на Фондот за здравство за време на разговор со друго лице прима пари и истите ги става во чанта.

Се уште нема никаква контретна информација зошто тие пари му се дадени на Дончев. Тој минатиот месец си поднесе оствка од функцијата директор, но истовремено важи за еден од најблиските соработници на Заев, воедно тие двајца потекнуваат од исто село – Муртино.

Против него обвинителството води две истраги, во однос на видеото се уште нема никаква информација дали е поврзано со некој од тие два случаи.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста