Еден долг се затвора, нов се отвора – вработените во културата ја чекаат августовската плата

Над 4 илјади вработени во културата чекаа на јулската плата повеќе од два месеци, но директорите ќе поминат без санкции за ненавремената систематизација. Министерката Стефоска вели дека денеска или најдоцна утре треба да се исплатат платите и во 2 -те институции кои се уште не ги добиле средствата.

Лесно е со системот на санкции.. Но јас бев и долги години член на Хелшинскиот комитет за човекови прави 2001-2006, каде што различните светски практики, санкцијата веднаш не ги мотивира луѓето туку ги демотивира, што не значи дека нема да биде побарана одговорност од, буквално треба од сите институции вели министерката за култура, Ирена Стефоска.

Повеќе од два месеци доцни  и префрлувањето на тековните средства во институциите од културата.  Дури вчера биле префрлени само дел од средствата за основните комуналии.

Побаравме од самите институции да ни кажат кој реално до крајот на годината може да ја заврши работата. Пред некој ден се разбира пуштивме за комунални услуги и сите други работи нужни за работата на институциите вели министерката за култура , Ирена Стефоска.

Од СОНК уште во август кога се заканија со тужби за доцнењето на платата, рекоа дека 100 од 120 директори на театри, музеи, библиотеки, културни центри не ја подготвиле систематизацијата навреме и не ја доставиле потребната документација за исплата на плата. Според тврдењата од министерството вработените во културата ќе си ја земат платата за јули најдоцна до утре, но за платата за август која исто така доцни, сеуште нема никакви најави кога ќе легне на сметките.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста