ЕДЕН АЗАР Е ПОВТОРНО Е ПОВРЕДЕН, А ТОА Е ОСМИ ПАТ ОД ДОАЃАЊЕТО ВО РЕАЛ

Еден Азар го напушти мечот на неговиот Реал Мадрид со Уеска по само половина час игра и потоа беше констатирано дека тој одново е повреден и дека ќе мора да паузира. Ова е дури осма повреда на Белгиецот по доаѓањето од Лондон, на што треба да се додаде и паузата заради корона. Азар ги чинеше кралевите преку 100 милиони евра и постои опасност тој, заради сите отсуства, да биде најголемото промашување на кралевите во ерата на Флорентино Перез.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста