Eкспертите за мерките на Владата: На учениците не им треба забрана, туку воспитување и емпатија

Препораки колку да се каже дека има препораки. Вака дел од експертите го коментираат сетот од 10 владини мерки кои би требало да ја зголеми безбедноста во училиштата, а да го намали булингот и насилството.
Меѓу другото, се предвидува ограничување на користењето на мобилни телефони во и околу училиштата.
Социологот Илија Ацевски смета дека ова не е решение кое би го дало посакуваниот резултат – не треба забрана за телефон, треба воспитување и емпатија.

Дел од експертите коментираат дека мобилните телефони може да бидат корисни и да се користат како едукативно средство. Сепак, нашите деца не се ништо поинакви од децата во Европа, но ние сме далеку ид реформино образование, коментира професорката Јасна Бачовска.

Трагедијата во соседна Србија ги разбуди македонските власти дека врсничкото насилство и бруалниот булинг меѓу учениците може да ескалира и да направи крвав масакр со голем број на жртви. Но, колку усвоените препораки ќе имаат ефект и дали властите доцнат.

Меѓу препораките се и почесто одржување на тематски родителски средби, психолозите и педагозите почесто и подлабински да разговараат со децата, прирачници за психолошка поддршка на учениците; нешта кои и не се нови, кои и досега требало да се практикуваат.

Паула Костадиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста