„Eурокомпозит“ без струја – најавуваат нови протести пред влада в четврток

Прилепски „Еурокомпозит“ веќе неколку дена е без електрична енергија. ЕВН во саботата им ја исклучи струјата во прилепската фабрика поради неплатен долг, кој неофицијално изнесува околу 100.000 евра. Сега вработените се пуштени дома и велат дека повеќе немаат работа.

Револтирани, во телефонски разговор за Алфа најавуваат нови протести пред владата, кои најверојатно ќе се одржат в четврток, зашто деновиве вицепремиерот бил на пат.

Инаку, вработените во прилепската компанија речиси секоја недела протестираа и го блокираа патот Прилеп – Битола.

По неуспешните протести, вработените дојдоа на протест и пред владата во Скопје. Разочарани, тогаш рекоа дека односот кон нив ги преминал сите граници на човечност.

„Еурокомпозит“ има долг од близу 5 милиони евра, и на работниците им должи 16 плати и три пати повеќе придонеси.