Џорџ Флојд и кажал на полицијата „Не можам да дишам“ повеќе од 20 пати

Новообјавените записи од последните минути од животот на Афроамериканецот Џорџ Флојд, откриваат дека тој и кажал на полицијата „Не можам да дишам“ повеќе од 20 пати. Полицаецот обвинет за неговата смрт, Дерек Шовин го притиснал со колено неговиот врат и му кажал: „За да зборуваш потребно ти е многу кислород“.

Новите записи покажуваат дека Флојд  се обидел да соработува со полицијата и дека не се чувствува добро. Новите документи вклучуваат 82 страници текст од полициска камера и 60 страници од сослушувањето на Лејн од страна на истражителите.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста