Џонсон разреши четворица министри

Саџид Џавид, британскиот министер за финансии, седум недели по Брегзит и еден месец пред да го достави  годишниот буџет до Владата, денеска поднесе оставка. Тој ја напушта функцијата кога премиерот Борис Џонсон започна со реконструкција на својот Кабинет и разреши четири министри.

Министерката за Северна Ирска, Џулијан Смит, е првата која беше отпуштена. Освен неа, Џонсон  ги разреши и министерките за бизнис и за домување, Андреа Ледсом и Естер Меквеј, како и министерката за животна средина Тереза Вилерс.

Откако Џонсон победи на изборите во 2019 година, ова е првата реконструкцијата на Владата. Тој побарал од државниот обвинител Џефри Кокс да поднесе оставка. Покрај ова премиерот треба да го именува и претседателот на Конференцијата за климатски промени на Обединетите нации во ноември во Глазгов, исто така пред Џонсон стои уште еден голем предизвик бидејќи треба да постигне трговски договор со ЕУ до крајот на 2020 година.

 

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста