ДЗЛП: Министерството за здравство не побара мислење од нас за проектот лек со лична карта

Министерството за здравство не се обратило до Дирекцијата за заштита на личните податоци во врска со проектот лек на рака со лична карта. Ова го добивме како одговор од Дирекцијата на прашањата на Алфа, односно на граѓаните, кои се вознемирени оти никој не објасни дали има опасност нивните лични податоци да бидат злоупотребени и како ќе се заштитат.

Но од Дирекцијата велат разговарале за ова прашање со Фондот за здравствено осигурување, и тоа два пати.

-Известуваме дека и на двата состанока беа дадени појаснувања дека при реализација на активноста за осигурените лица од 1 октомври 2019 година да можат да ги подигнуваат лековите во аптека врз основа на рецепт и документ за лична идентификација (лична карта или пасош), ќе биде потребно да се почитуваат прописите за заштита на личните податоци, како и прописите се кои се уредува личната карта и остварувањето на правата од здравствено осигурување, односно поконкретно остварувањето на право на лек од Листата на лекови на товар на средствата на Фондот, во кои меѓу другото е наведено дека осигурените лица можат да остварат право на лек од Листата на лекови на товар на средствата на Фондот, врз основа на рецепт, платен придонес за здравствено осигурување и документ за лична идентификација (лична карта или пасош), велат од Дирекцијата.

Дополнително информираат дека ниту тие самоиницијативно не дале
мислење за овој проект до Министерството за здравство.