Ниту пандемијата, ниту економската криза во државата не е проблем да се купат три џипа за Дрисла кој чинат два милиони денари. Шилегов објаснува дека било неопходно за гости ама пред се за да се возеле новинарите кога требало да им се презентира реонот на Дрисла. Прашањето е колку често до сега Шилегов ги возел некаде новинарите и зошто баш сега одеднаш треба превозно средство и тоа ни помалку ни повеќе за медиумските работници?

  •  Можеби под гости се подразбираат и новинарските екипи, јас ќе бидам многу среќен да направиме увид  заеднички, да се повозиме со постојниот возен парк, тоа се возила стари по 30 години, јас вчера ги општев со  јавноста и тоа се гостите кои би можеле да одат. Службите во Дрисла, јас незнам дали имате претстава Дрисла колкава е, колкава површина и низ каков терен се движите кога се движите низ Дрисла вели Петре Шилегов.

Со доза на подсмев дури во обид да ги натера новинарите да се почувствуваат лошо што воопшто се осудиле да прашаат за џипот, градоначалникот смета дека било иронично да се коментирале т.н. теренски возила. И побрза да каже дека чинеле една третина од парите кои претходниот директор го набавил автомобилот, иако сега во него секојдневно си се вози актуелниот Начевски.

  •  Во буџетската стапка и во планот за јавни набавки на Дрисла изнесува два милиони денари што е една третина од парите коишто предтходно Дрисла ги дава за Мерцедесот на поранешниот директор на Дрисла вели Петре  Шилегов.  

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ од град Скопје втор ден го повикува  Шилегов да и се извини на јавноста. Велат  Начевски во неделата тврдеше дека нема да се купуваат џипови.

  • Наместо Шилегов да праќа разгледници и фотографии главната дилема е зошто ја лажеше јавноста дека нема да се купат службени џипови? Не е прашањето каква е состојбата сега и каков автомобил вози директорот, туку зошто криеја и лажеа дека се набавуваат три џипа? Ако имало било што криминално во работењето на Дрисла Шилегов две години е градоначалник, а централна власт во државата е неговата партија и Зоран Заев стои во соопштението од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ од град Скопје .

Во плејадата од иронични објаснувања во кои ги смести и медиумите како оправдување за трошењето пари во време на пандемија, Шилегов не кажа на пример зошто тие пари не се инјектираат во државната каса за помош за Ковид 19.

Викторија Миткова