Џамиите во Тетово полни за денешната молитва, мерките не се почитуваат

Без почитување на мерките и протоколите кои самата ИВЗ ги издаде за своите верници се одржа денешната молитва низ џамиите во Тетово, кои беа преполни со луѓе. Маски не носеа сите, абдестот иако треба дома, некои го правеа внатре, а невозможно беше да се одржи и физичката дистанца.

Денешната петочна молитва овде во џамијата позади мене не успеавме да ја снимиме до крај, затоа што по краткото престојување внатре, бевме веднаш избркани.

Освен што нашата екипа беше вербално нападната и избркана од џамијата, ниту верниците не беа расположени за изјава.

Токму ваквите групирања без почитување на мерките се можен ризик за ширење на коронавирусот. Во Тетово изминативе денови бројот на заболени е во постојан пораст. Денеска од 17 нови случаи, дури шест се од Тетово, со што бројот на заболени се искачи на 131.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста