Џамиите утре се отвораат за верниците

Муслиманските верници утре се враќаат во џамиите.Објектите деновиве се дезинфицираат и подготвуваат за новите протоколи.Но, дали и колку верниците ќе ги почитуваат мерките за заштита при верските обреди, со оглед на тоа што утре се очекува помасовна посетеност.

Во џамиите велат дека нема да пропуштаат поголеми групи.Мерките се донесени, па останува свесноста на верниците дали ќе бидат дисциплинирани  и ќе ги почитуваат.

И покрај постојаните апели на надлежните периодов, ИВЗ сепак не се предомисли.Одлучи џамиите утре да бидат отворени и си донесе свои мерки. Во меѓувреме, бројот на заразени со ковид 19 во Тетово постојано расте, а се формираат и нови кластери.Денеска има нови седум заболени, со што вкупната бројка се искачи на 117.

Милена Вучевска

 

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста