Џамиите преполни, верниците непослушни кон мерките

Збиени еден до друг, повеќето без маски,верниците од муслиманска вериоисповед со утринската молитва во џамиите го започнаа славењето на Курбан Bајрам. Река од луѓе уште пред изгрејсонце се упатуваа кон верските објекти. И покрај препораките на ИВЗ молитвата да биде 15-тина минути, сепак траеше околу еден час.Тетовскиот муфтија порача верниците да се воздржат од одење по гости и славењето да го поминат дома со семејството.

– Ние живееме во време кога пандемијата е секаде околу нас. Ние мораме да бидеме внимателни, да држиме дистанца, носиме маски,и да не одиме по гости како што е тоа традиција за бајрам,верувајќи дека во иднина ќе ни се даде таа можност, изјави Ќани Несини муфтија на тетовско муфтивство.
Повеќето верници се чини сепак, нема да ги послушаат апелите. Празникот велат,бил таков, што морало да се оди на гости.Од вирусот, баш и не се плашат.

Еден од главните обележја на празникот е принесувањето жртва или курбан.Се слави четири дена,а обичај е да се посетуваат роднините и пријателите.Токму ваквите семејни собирања,кои се практикуваа и за рамазан бајрам,се посочени како ризик и една од главните причини за ширење на коронавирусот.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста