Џафери стави потпис на решението за избори, кампњата започнува на 24 јуни

Институциите започнаа да го спроведуваат договорот Заев-Мицкоски за предвремени парламентарни избори на 15 јули.Талат Џафери стави потпис на решението за изборите. Го испратил до ДИК и министерствата за внатрешни работи и правда. Собранискиот спикер потврдува дека кампањата за овие избори ќе се разликува од претходните. Повикува на дисциплинирано почитување на препораките за заштита на здравјето на граѓаните.

“Овие избори ќе бидат невообичаени по тоа што нема да има вообичаена изборна кампања, меѓутоа, тоа што е поважно и на кое ќе мораме сите да се придржуваме на најдисциплиниран начин се мерките и препораките на Министерството за здравство, со цел да се заштити здравјето и животот на граѓаните”, вели Џафери.

Кампањата официјално ќе почне на 24 јуни, а претходно ќе заврши вонредната состојба од осум дена која претседателот Пендаровски ја прогласи по барање на владата. Изборното претставување на партиите ќе трае 20 дена до 12 јули на полноќ. Тогаш започнува предизборниот молк. Овој пат ќе се гласа три дена. На 13 и 14 јули ќе гласаат болните и изнемоштени заразените со ковид-19 и луѓето во самоизолација. На 15 јули гласањето ќе започне во 07 и ќе трае до 21 часот

ДИК го објавува роковникот според новиот изборен датум и да го предаде изборниот материјал до општинските изборни комисии. МВР пак до највисокиот изборен орган треба да достави податоци за граѓаните кои ќе наполнат 18 години до денот на изборите и оние кои поднеле барање за лични документи. Претседателот на ДИК вели дека комисијата ќе направи се за сите граѓани да можат да го остварат правото на глас, но е песимист дека дијаспората на овие избори ќе може да гласа поради пандемијата со корона вирусот и затворените граници.

“Не можам изрично тда тврдам дека дијаспората нема да гласа, но ќе биде многу тешко”, вели Деркоски.

Со реакција на изјавата на Деркоски се јави Ана Дукоска од движењето од дијаспората “Ние сме Македонија”. Таа истакнува дека владата во заминување работела на уништување на врската меѓу иселениците и татковината. Според неа новата влада треба да се занимава со клучните барања на дијаспората, формирање министерство за иселеништво и македонско национално малцинство и креирање систем за електронско гласање.

 

Градимир Марковски

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста