Двојно зголемен бројот на жени заболени од рак на дојка

Три до четири жени дневно во Македонија заболуваат од рак на дојка во Македонија. Лековите кои можат да спасат многу животи, не се дел од позитивната листа, а пациентите чекаат и по 3 до 4 месеци за редовен преглед и скрининг.

Од здружението „Борка“ велат дека навременото дијагностицирање е клучно за да пациентите да извојуваат победа против ова заболување. Оние кои ја болеста ја оставиле зад себе, но и оние сè уште се борат со неа, порачуваат дека секоја жена треба редовно да се прегледува.

Според статистиката, над 1200 жени во Македонија годишно се дијагностицираат со рак на дојка, бројка која во текот на претходните години е двојно зголемена.

Сања Т. Ставров