Двојно убиство во Кратово – 37 годишна жена ги убила сопругот и свекорот, кои се причините?

Двојно убиство во Кратово – 37 годишна жена ги убила сопругот и свекорот, кои се причините?

Крвава драма во Кратово. Триесет и шестгодишна жена со нож  си го убила сопругот, а потоа и свекорот. Двојното убиство се случило вчеравечер во семејната куќа, во која живеело семејството. Според првичните информации од тамошниот Центар за социјални работи, сведок на крвавиот настан бил нивниот малолетен син. Кратовчани во шок од она што се случувало во куќата на нивните сограѓани.

   „Ги знам живеат на другата страна на градот. Што сес случаволо само тие си знаат. Живееме во стресни времиња и ова за нас е вистински шок. Вакво нешто два погреба од едно семејство во еден ден, немаме доживеано„ велат кратовчани.

    Семејството речиси 13години биле во брак и имат две малолетни деца. Недоразбирањата меѓу нив започнале во 2019 година. Тогаш на сега убиениот сопруг поради малтретирање му била изречена и судска забрана во времетраење од една година. Во изминатиот период социјалните работници неколку пати интервенирале во семејството, а се преземени и сите соодветни мерки, вели за Алфа, директорката Невенка Јовановска. Жената во два-три наврати го напуштала домот, но потоа повторно се враќала. Засега надлежните не откриваат дали трпела психичка или физичка тортура. Вчеравечер со асистенција на социјални работници децата се сместени кај нивната тетка,  сестра и ќерка на починатите. Во текот на денот како што објаснува директорката на кратовскиот центар, откако од Центарот за ментално здравје одбиле,психолошки тестови на децата за да се утврди нивната емоционална состојба ќе се прават  на Клиника во Скопје.

Вчеравечер, веднаш по убиството во 22.08 часот жената е лишена од слобода.

   „По насоки на јавен обвинител телата на починатите биле предадени на обдукција. В.И. била приведена и задржана во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава„ изјави Ивана Младеновска, портпарол на СВР-Куманово. .

Семејството не се корисници на социјална помош, а пред една година отвориле автоперална. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста