Двојно повисока давачка за колекторскиот систем во Охридско езеро

Во услови на економска криза и беспарица ни натоварија на врат баснословни суми на сметки кои мора ги плаќаме,ова е жив грабеж-велат жителите од охридско-струшкиот регион кои од почетокот на годинава, покрај останатите режиски трошоци,плаќаат уште една сметка и тоа за колектор. Новоформираното јавно претпријатие “Колекторските систем” чиј основач е Владата, од месец јануари почна со наплатаза одведување и третман на отпадни води,ставка која што претходно се плаќаше во сметката за вода,но сега по далеку повисока цена.

Анкета: 1.Во секој случај е оптеретување за сите граѓани на Охрид,така да дополнително да плаќаме за нешто што до овој период го плаќавме не е во ред ; 2.Имаме многу сметки а пензиите мали; 3. Дали би ја плаќале и Вие кои што живеете постојани во Скопје ? Јас сум согласна, па за останатите не знам; 4.Кога веќе решиле така да биде,мора да постапиме иначе ако не платиле ќе имаме затезни камати и ред други работи велат граѓаните.

Сметки за колектор на домашна адреса стигнаа и кај жителите на населбата Елен Камен, која не е приклучена на колектор како и кај  жителите на Радожда кои пак воопшто немаат колектор.Од месната заедница со апел до населението.

Препорачуваме да не се плаќа бидејќи не сме корисници на ваква услуга и уште повеќе поради тоа што во 80-тите години ,значи 40 години наназад каде што во тој период жителите плаќале самопридонес за изградба на колектороски систем. Еве и после 40 години жители што не се повеќе меѓу нас, никогаш не го дочекаа тој момент да се корисници на оваа услуга која е сосем нормална за 21 век-вели Светлана Бакраческа-претсед.на М.З. Радожда.

Во 2017-та граѓаните за колектор на секој потрошен метар кубен вода,плаќаа 10.2 денари,една година поцна цената се зголеми на 16,5 денари, а денес со новите сметки за колектор има и нова цена-21.4 денари.Ова значи дека за 4 години надоместокот за колектор е зголемен за повеќе од двојно реагираат од ВМРО ДПМНЕ.

Согласно решението кое го добивме од Регулаторна комисија, согласно пресметките кои што беа изготвени таму,добивме решение со кое што ни беше наложено од која до која граница да се движат пресметките- рече Владимир Алексијоски-дир.на Ј.П. “ Kолекторски систем-Скопје”.

Покрај сметките за вода, и колектор, охриѓани плаќаат уште една сметка на јавното претпријатие “ Нискоградба” и тоа за одведување на отпадни води по 10 денари  на метар кубен вода.Што значи на Ј.П.” Водовод”, Ј.П.” Колекторски систем”, и Ј.П “ Нискограба” кои патем имаат иста ставка која се однесува на отпадните води,охриѓани плаќаат 3 сметки во вкупна вредност од околу 1000 денари, што е скоро 10% од минималната плата во државава. Директорот на Ј.П “Колектор”кој признава дека за ова добивале реакции од граѓаните но за да им замачкаат очи и за да не биде дека за иста ставка плаќаат два пати,наместо одведување, во новите сметки ќе пишувало отстранување на отпадни води.Тој вели и дека се разгледувала опцијата во иднина за коектор да плаќаат сите домаќинства во Македонија, бидејќи Охридското езеро не е само на охриѓани и стружани.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста