Двојни аршини на Судот и Обвинителството за укинување на мерките на претпазливост во Рекет!?
Зошто Зоран Милески Кичеец е попривелигиран да го користи поповолното од судот и обвинителството? Дали за одлуката, да му се укине мерката куќен притвор пресудни биле моќта на парите или моќта на политиката? На јавноста и е оставено да претпоставува, бидејќи ниту судот ниту обвинителството ќе објаснат зошто донеле таква одлука, односно на Кичеец му прифатија гаранција во имот од 200 000 евра, и тој одлуката на Апелација за намалување на затворската казна од 3 години, поради вмешаност во случајот Рекет, ја чека без мерки на претпазливост
Во секој случај правната фела во ваквата одлука каде за некои обвинети важи, а за некои не важи гаранција, препознава двоен аршин на судот и обвинителството, вели адвокатот на Боки 13 кој е првообвинет во Рекет.
-Тука имате и позитивно мислење барањето за укинување на мерката притвор, а на нашите барања дали тоа биле поднесувани на главна расправа или преку поднесок јавниот обвинител секогаш жустро, многу категорично реагираше. Притоа се работи за исти дејствија, се работи за сообвинети, се работи за исто кривично дело тоа е неразбирливо за човек кој што не е правник, а не за човек кој што е правник. Што се сака со тоа да се постигне веројатно Обвинителството и Судот најдобро знаат, но не смее да има дискриминација во ниту еден дел на постапката – вели Сашо Дуковски адвокат на Боки 13
Обвинителството не утврди потекло на имот на Милески Кичеец, што за екпертите од областа на криминалистиката само по себе е спорно. Доколку тоа се утврдело, можеби обвинителството воопшто немало да прифати спогодување со Милевски и тој по секоја цена ќе останел второобвинет во случајот Рекет. Дополнително иако случајот е на крај од доказна постапка, обвинителството уште не утврдило каде е торбата со пари која од домот на Камчев ја изнесе токму Кичеец. На кого ја предал, и кој со колку пари се офадил од спакуваните 1,5 милион евра, нема одговор.
Катерина Гетева