Двојазични униформи за полицијата стануваат реалност

Пред пет години беа шпекулации, а денес двојазичните униформи стануваат реалност.

Основен принцип на полицијата и армијата е единственост на униформата која што значи стандардизирана облека. Оттаму што постои единствен состав на полицијата и на АРМ на територијата на РМ правењето разлики на униформата не е во согласност со уставните одредби, истакна Зоран Заев во обраќање во партијата на 10.03.2017 година

Оваа изјава на тогашниот мандатар за нова Влада беше проследена со бурен аплауз од присутните членови и сипматизери на СДСМ.

Помпезното излагање паѓа во вода со Уредбата која Владата ја донесе на вчерашаната седница, со која униформите на полицијата во Скопје и во општините во кои најмалку 20 отсто од граѓаните зборуваат службен јазик, различен од македонскиот ќе бидат двојазични.

На полицијата не им се потребни униформи, туку достоинствен живот и поголеми плати, а лошата ситуација во која се наоѓаат полициските службеници е резултат на лоштие политики на властите, сметаат од Синдикатот на полиција на Македонија.

Доколку сето ова за кое зборуваме денеска беше во ред, зар не треба да се запрашаме зошто и од кои причини Спасовски како министер, а исто така и на официјалната страна на МВР зошто се уште нема објавено на оваа вест лепи . Сметам дека веќе е дојдено конечно времето сите заедно да му се спротиставиме на МВР и на лошите политики на Спасовски, да го крееме својот глас и да кажеме дека на полицискиот службеник не му треба двојазични ознаки, не му требаат униформи со сомнителен квалитет кои можеби не одговараат со квалитетот кој е предвиден за униформи. Ќе кажеме дека е доста, односно ни требаат повисоки плати за достоинствен живот, вели Орце Костевски – Претседател на Синдикат на полиција на Македонија.

Одлуката синоќа ја потврди и вицепремиерот Артан Груби кој на социјалните мрежи се пофали дека официјално Албанскиот јазик станува дел од полициските униформи.

На денешната седница на Владата ја усвоивме измената на Уредбата за униформите и нивните симболи со која се предвидува употреба на албанскиот јазик како службен јазик во униформите на полициските служби согласно законот, напиша вицепремиерот Артан Груби.
Уредбата влегува во сила 8 дена од кога ќе биде објавена во службен весник , а ќе отпочне да се применува во текот на една година од денот на влегувањето во сила. Според Владата, уредбата е донесена врз основа на Законот за употреба на јазиците во кој е утврдено дека униформите на полицијата во Скопје и општините во кои има најмалку 20 отсто од малцинско население ќе бидат напишани на македонски и на јазикот на кој го зборуваат најмалку 20 отсто од населението.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста