Дводневната средба на мешовитата Комисија без конкретен резултат, Османи: Има прогрес

Дводневната средба на мешовитата комисија за историски прашања на Македонија и Бугарија не донесе никаков договор меѓу членовите а министерот за надворешни работи Бујар Османи се правда  не секогаш на секоја средба на комисиите може да се очекува по некој спектакуларен резултат, и затоа се настојувало овие средби да бидат почести за да се дојде до соодветни решенија. Во меѓувреме, вели Османи, продолжува и усогласувањето со Софија околу акцискиот план а двете министерства комуницирале со цел побрзо да се стигне до следниот чекор, односно да се одржи меѓувладината конференција.

Имало прогрес вчера, усвојување на записникот, разговарано е отворено, конструктивно, но не е постигнато одредено усогласување за прашањето за препораките во делот на учебниците итн. што не значи дека разговорите од вчерашната и завчерашната средба не се добра основа за следната веќе која што е закажана за месец дена да може да се најде одредено решение рече на денешната прес-конференција Бујар Османи.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста