Двјца вардарови екс-играчи во топ 10 трансферите ова лето според ЕХФ

ЕХФ  ги објави топ 10-те трансфери ова лето, а меѓу нив два се поврзани со екипата на Вардар. Очекувано на врвот е Сандер Сагосен кој замина од ПСЖ во Кил. На високото второ место се најде Данис Криштопанс кој уште во февруари го напушти Скопје и практично за него Фуксе Берлин беше преодно решение додека и официјално да стане член на ПСЖ каде повторно ќе соработува со Раул Гонзалес. Екс вардаровиот член Сташ Скубе се најде на шестотто место во ранигирањето по одлуката за негова преселба во екипата на Мешков Брест. Зад него е уште еден поранешен член на црвено-црните, Хорхе Македа кој по две минати години во Пик Сегдед се префрли во составот на Веспрем.   Преселбата на Блаж Јанц, од Киелце во Барселона е на третатта позиција, а на четвртатта се наоѓа Лук Абало кој стана нов член на Елверум. Петти е Николас Турна, тој дресот на  Нант го змени со оној на полски Киелце.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста